ЕКО МЕД

ПЧЕЛАРСКА ФАРМА

ПЕЧЕНА ТИКВА СО МЕД И КИМ

Потребни состојки:
1 тиква
1 лажичкa маслиново масло
2 мали лажички мед
2 мали лажички ким
Чекор 1:
Тиквата треба добро да се измие, да се излупи кората и да се отстранат семките. Потоа, се сецка на тенки парчиња со дебелина од приближно 1cm.
Чекор 2:
Загрејте ја рерната на температура од 200 степени. Поставете ги парчињата тиква на лесно замастена тепсија за печење. Во еден сад, измешајте го маслото, медот и семињата од ким. Добиената смеса истурете ја рамномерно врз тиквата. Може да се стави сол и бибер по желба.
Чекор 3:
Оставете ја тиквата да се пече во период од 45 до 50 минути или додека не добие златеникава боја. Потоа извадете ја тепсијата од рерната и тиквата е спремна за сервирање.

ПРИРОДЕН ЈОГУРТ СО МЕД И ОРЕВИ

Потребни состојки:
1/2 чаша кисело млеко
1 лажица мед
1 лажица сецкани ореви
цимет по желба
Чекор 1:
Ставете го киселото млеко во мала чаша за сервирање.
Чекор 2:
Испрскајте одозгора со сецканите ореви и потоа рамномерно ставете една голема лажица мед.
Чекор 3:
За дополнителен вкус додате цимет по желба и десертот е спремен за конзумирање.

ТОПЛИ ШУМСКИ ПЛОДОВИ СО МЕД И К.МЛЕКО

Потребни состојки:
1 чаша боровинки
1 чаша малини
1 чаша капини
6 лажици мед
6 листови босилек
2 чашки кисело млеко
цимет по желба
Чекор 1:
Ставете половина од шумските плодови заедно со медот во еден сад за готвење и ставете го на слабо загреана рерна. Гответе од прилика 8 минути или додека смесата не се затопли. Повремено промешувајте. Тргнете го садот од рерната и ставете ги внатре листовите од босилек.
Чекор 2:
Ставете го киселото млеко во еден сад и помешајте го со цимет. Може да се додаде и многу ситно исецкан орев.
Чекор 3:
Сервирајте во 6 чаши. Во секоја од чашите ставете од прилика по 1/5 од миксот киселото млеко, 1/4 од топлите шумски плодови и 1/4 од термички необработените шумски плодови. Послужете веднаш.