ЕКО МЕД

ПЧЕЛАРСКА ФАРМА

МЕД

Медот е нерасиплива храна, која само може да го смени својот облик и од течна да премине во кристална форма, но не и да се расипе. Тоа е одлика само за вкусниот и многу здрав мед, кој бил употребуван како природен засладувач уште во праисторијата, долго пред шеќерот да стане широко достапен во XVI век.

Медот ја добива својата сладост од моносахаридите фруктоза и глукоза која е приближно иста како таа на гранулиран шеќер (97% од сладост на сахароза, т.е., Дисахарид). Медот има атрактивни хемиски својства, и еден специфичен вкус, кој тера некои кувари да го употребуваат наместо шеќер или други засладувачи.

Главното влијание на пчелите при собирање нектар и правење мед е опрашувањето, кое е од клучно значење за цветните растенија. При одгледувањето, пчеларите настојуваат за хиперпродукција на мед така што вишокот може да се земе без загрозување на пчелите. Кога изворите на храна за пчелите се мали, пчеларите може да им дадат на пчелите дополнителна исхрана. Дополнителната исхрана обично доаѓа во форма на шеќер (сахароза) која се меша со вода.

УПОТРЕБА

Се препорачува земање на мед е една лажица на празен стомак во утринските часови и една навечер.

За да има најголем ефект, медот треба да одстои во устата и полека да се раствора во рок од неколку минути. Не го голтајте веднаш и не пијте вода. Задржувањето на мед во устата ќе ви овозможи апсорпција на дел од медот низ крвните садови под јазикот во организмот, пред да стигне до желудникот. Така ќе го соберете најдоброто од здравите состојки на медот.

Друга опција е да растворите лажица мед во топло млеко или чај. Потоа овој пијалок полека пијте го со помалку задржување во устата. На овој начин, се активира ензимот кој го поттикнува антисептичкото и антивирусното својства на медот, кој дејствува прво на усната празнина и грлото, а потоа и остатокот од телото. Вака се добиваат максималните здравствени придобивки од медот и зајакнување на вашиот имунолошки систем.

Медот кој се консумира во утринските часови ќе ви даде сила и енергија ,а во вечерните часови пред спиење со млеко или чај ќе ви помогне на вас и вашите деца да имате подобар сон. По можност земете го со дрвена, порцеланска или со пластична, но не и со метална лажица. Медот со кристализација не ги губи лековитите својства. Тоа е само природен процес кој се јавува кога медот се чува на пониска температура. Рокот на траење на добро затворениот мед е неограничен.

ЗДРАВСТВЕНИ ПРИДОБИВКИ ОД МЕДОТ

Антиалергиско дејство. Локално произведениот мед содржи остатоци од цветен полен. Малите количини на алерген го стимулираат имуниот систем и создаваат природна заштита. Препорачливо е внесување по една лажица локално добиен мед пред сезоната на полен со цел спречување алергиска реакција.

Лекува рани. Медот ја истиснува течноста од раната. Високото ниво на шеќер го спречува рамножувањето на бактериите додека водородниот пероксид прави одличен контакт со раната.

Помага при проблеми со скалпот. Според поголем број на истражувања медот е одличен за проблеми со скалпот при себороичен дерматит и првут. Пациентите на проблематичните зони нанесуваат мед растворен со малку топла вода, а подобрувања се забележуваат веќе по првата недела.

Антибактериско дејство. Штити од инфекции, благодарение на pH вредноста од 3.2-4.5 која како благо кисела средина го спречува растот на бактериите додека останатите антоксидантни компоненти успешно ги отстрануваат слободните радикали.

ПРЕДУПРЕДУВАЊА

Медот не треба да се дава на деца на возраст под една година (според најновите истражувања до 2 година). Причината е ризикот од алергиска реакција, затоа што медот содржи мноштво на потенцијални алергени од природата на кои телото на детето не е подготвено.

Никогаш не го изложувајте медот на високи температури. Медот губи дел од своите корисни карактеристики кога ќе се изложи на висока температура. Затоа избегнувајте да ставате мед во колачи или јадења кои се печат. Потрудете се да го користите медот во неговата најприродна форма за да извлечете максимум од хранливите состојки кои тој ги содржи.